Наместо кочија, тиквата може да служи и за подобрување на општото здравје. Еве зошто е корисно да внесете тиква во исхраната
Особено овој период, кога е доста актуелна, време е да и дадеме малку внимание. Спаѓа во таканаречената категорија на суперхрана бидејќи е исклучително богата со хранливи материи.

- Тиквата е богата со витамин А, кој го подобрува видот.
- Содржи витамин Ц, кој ги регенерира клетките.
- Богата е со витамин Е, чија улога е да се боли против болестите
- Содржи натриум, минерал за одржување на здравјето на коските и срцето.
Кога е во прашање стомакот и влијанието на тиквата врз неговата работа, тука се препорачуваат семките од тиква. Влакната кои ги содржат семките од тиква имаат заситувачко својство и се одлична закуска меѓу оброци. Многу лесно можете да ги подготвите и дома.
Ако се двоумите дали да консумирате тиква од конзерва или да купите, чистите и печете тиква, одберете ја опцијата под б. Да, вистина е дека зема многу време и напор (особено развивање бицепси при сечење на тиквата) но, со онаа од конзерва, никогаш не сте сигурни колку вештачки шеќери ќе внесете.
Сега, не ви преостанува ништо друго, освен да уживате во тиквата, додека уште ја има.