По улогата на глобален бренд амбасадор која ја доби кинеската ѕвезда, Џексон Ји, сега ја претстави машката Atlas X колекција на накит на луксузниот бренд Tiffany & Co. Харизматичната ѕвезда е центар на кампањата на брендот за новата колекција Tiffany & Co. Atlas X составена од прстени, бразлетни и гердани, претставувајќи ја на најдобар можен начин. Новата палета на колекцијата со потпис на Tiffany & Co. доаѓа со посмел пристап кон стилот. Дијамантските акценти го надополнуваат веќе познатиот римско нумерички мотив, издигнувајќи ја модерната естетика на едно поинакво ниво. Колекцијата Atlas X се состои од 19 каратно жолто, розово и бело злато.