Theragun претставува уред за перкусивна терапија која е популарна во моментов бидејќи овозможува брз наплив на притисок врз ткивата кое пак ослободува од болка. Во последно време оваа вид на третман се користи во физикалната терапија и спортската рехабилитација.
Во време на изолација поради недостапноста на масажата ова треба да е од голема помош во справување со болките после тренинг. Theragun е дизајниран од Др. Џејсон С. Версланд кој го создал овој уред првично за своја употреба, по несреќа која ја имал, од која ги загубил сите чувства на десната страна од телото.
Во процесот на рехабилитација овој уред му помогнал многу и тоа го поттикнало да почне со истражување и развој на уредот како производ од кој би имале корист сите. Со 40 удари во секунда, малку е чудно како овој уред кој ве удира би ви помогнал во проблемот со болката без притоа да го зголеми интензитетот на истата и на крај да ве остави со модрица.
Но долгогодишното истражување и развој всушност го пласира овој производ на ниво помеѓу медицинската опрема и најдобриот пријател на спортистот. Уредот доаѓа со апликација која покажува одлични начини на користење на уредот за различни болки.