По две успешни сезони Netflix реши за уште една трета сезона на The Umbrella Academy. Universal Content Productions се справува со обновување на серијата, предводена од режисерот Стив Блекмен. Во новата сезона ќе бидат понудени 10 нови епизоди, а снимањето ќе започне во февруари, во Торонто, Канада.

Актерската екипа составена од Роберт Шихан, Елен Пејџ, Еми Равер-Лампман, Том Хопер, Дејвид Кастанеда, Џастин Х.Мин, Ејдан Галагер, Риту Арија и Колм Фиоре од втората сезона ќе се врата повторно. The Umbrella Academy постигна голема гледаност во својата прва сезона, привлекувајќи приближно 45 милиони претплатници, додека пак втората сезона помогнал да се удвои Nielsen стриминг рејтингот.