Како што самото име на колекцијата кажува, The Red Collection, се е поврзано со црвената боја која симболизира страст, сила, храброст. Во историјата на оваа компанија црвената боја се провлекува со години, од основачот Александар Рид (Alexander Reid) чие презиме значи „црвена“ на Шкотски, до 1903 година кога тогашниот сопственик Родерик Кемп (Roderick Kemp) ја бира црвената боја за етикетите на „The Macallan Choice Old“ за да се разликуваат од постојните пијалоци на дестилеријата, кои биле обележани со црна боја.

Оваа колекција, The Red Collection, е спектар на истакнати и извонредни сингл малт шкотски вискија, што ја доловува неговата длабока почит кон традицијата и изработката. Колекцијата содржи шест шишиња кои се соодветно обележани според староста со 40, 50, 60, 71, 74 и 78. За да се сиаткне нивниот исклучителен престиж, пијалоците се сместени во соодветни кутии направени од истиот европски даб од кои биле направени и бурињата каде вискито зреело. Завршницата е тапацир од мека црвена кожа од Bridge of Weir Leather.

Друг подеднакво храбар и пофален потег од брендот е фактот дека секое од тековните изданија во колекцијата е потпишано од Кирстен Кемпбел (Kirsteen Campbell), која е првата жена поставена на позиција „мајстор за создавање виски“ (Master Whisky Maker ) од 2019 година. Специјално нарачат сет од The Red Collection на Macallan неодамна беше продадена за 1,39 милиони американски долари.