Архитектонското студио Partisans со седиште во Торонто ги објави плановите од проектот The Orbit со кој ќе претворат рурален град во Онтарио, Канада во паметен град на иднината. Визијата е да се трансформира градот Инисфил во Онтарио, Канада, кој е земјоделски град со 37.000 жители, во заедница од следната генерација.
Градот чии објекти ќе имаат кровови покриени со зеленило, каде автономни возила ќе го вршат танспортот се планира да ги отвори своите врати помеѓу 2022 и 2025 година. Овој град има историја на прилагодување кон нови технологии земајќи во предвид дека беше еден од првите градови каде почна да се тестира Uber споделувањето на возила.
Можноста да се дизајнира градот од нула дозволува спроведување на нови методи на урбанистичко планирање, па бидејќи е инспириран од орбитата, ќе има кружна шема. Земајќи ги во предвид земјоделските придобивки на градот, жителите на The Orbit ќе можат да ги балансираат придобивките од живеењето во рурална и урбана средина, каде голем акцент се става на зеленилото.