The North Pole Igloos хотелот ќе биде поставен само еден месец на Северениот пол во 2020 година. До ова луксузно игло ќе се пристапува само со хеликоптер. Дизајнирано од скандинавската компанија Luxury Action, престојот во најсеверниот хотел во светот, The North Pole Igloos, ќе чини од 105.500 евра, а ќе биде достапен само во април 2020 година, кога Северниот пол е достапен со хеликоптер.

Според компанијата овој пренослив, одржлив, но сепак малку екстремен хотел во останатите 11 месеци од годината ќе биде преместен на островот Свалбард, на околу 635 km северно од Норвешка. Стаклените тавани и sидовите ви дозволуваат да бидете едно со природата и обезбедуваат неспоредлив поглед.

За ова луксузно доживување се грижи персонал кој ги обезбедува услугите и тим на водичи и лица одговорни за безбедност во вакви екстремни временски услови.