Вискито The Macallan Concept Number 2 е најновиот член на иновативната Concept Series колекција на Macallan. Оваа колекција која беше окарактеризирана како bespoke виски колекција е креирана исклучиво за Global Travel Retail. Ова виски ги слави сличностите помеѓу производството на виски и создавањето музика, двете најголеми страсти на Стивен Бремнер, волшебникот кој стои позади Concept Number 2, за кое Стивен создал уникатна плејлиста.

The Macallan Concept Number 2 е пијалок кој повикува на будење на сетилата и создава исклучително чувство на богато, мулти-сензорно искуство, каде моќната основа се оживува со цветни и испреплетени тонови кои заедно создаваат хармонично и живописно уметничко дело.

Самиот процес на созревање прво во шери буриња а потоа во традиционални буриња ова виски има ритмичка сладост на ванила, цитрус и кафе. Па ако сакате да го пробате следниот пат кога ќе летате на некоја дестинација можете да го побарате.