Од режисерот на The Wolf of Wall Street, The Departed и Goodfellas, доаѓа ново филмско остварување со сличен интензитет. Легендарниот Мартин Скорсезе ја потпишува режијата за The Irishman. Ова е филм на оскаровецот кој ветува интензивно и слоевито раскажување својствено за неговиот режисерски стил. Носителот на насловот, во овој случај Ирецот, Frank Sheeran е дел од историјата. Главната улога на Sheeran во филмот ја толкува Роберт ДеНиро.
The Irishman е базиран врз приказната во книгата I Heard You Paint Houses. Го раскажува животот на Sheeran од неговото прво убиство со мафијашот Расел Буфалино (кој го толкува Џо Пеши), до мистериозното исчезнување на неговиот шеф, Џими Хофа (кој го толкува Ал Пачино). Несомнено е дека и атентанот на претседателот Џон Фицџералд Кенеди е дел од филмот.
Интересен факт е и тоа што лицата на актерите ДеНиро, Пеши и Пачино се подмладувани во филмот, но критичарите се надеваат дека со експертизата на Скорсезе, тоа нема да претставува проблем.
The Irishman премиерно ќе се прикаже на 1 ноември во кино салите ширум светот, а ќе биде достапен и на Netflix по 27 ноември 2019.