Најновиот хотел на Hard Rock наречен The Guitar Hotel се наоѓа на Флорида, расолага со 638 луксузни соби и чини 1.5 милијарда долари.
Хотелот штотуку ги отвори вратите за љубителите на луксузот, а покрај неговиот фасцинантен надворешен изглед на џиновска стаклена гитара, ќе ве освои и висината од 137 метри. Хотелот располага со 638 луксузно опремени соби и апартмани, секој еден од нив со прозорци од таванот до подот.
Во The Guitar Hotel нормално е дека може и да изнајмите гитара, бидејќи зошто па да не?!
Подеднакво фасцинантен е надворешниот изглед на хотелот и во вечерните часови кога е осветлен со помош на LED светла. Располага со базени, лагуни, казино со повеќе од 3000 слот машини, 193 маси за играње, соби за покер, 30 барови, ресторани, ноќен клуб.
Не би бил Hard Rock она што е, да нема сала од 7000 места во која од организацијата ветуваат настапи на голем број музички ѕвезди, концетри, доделување на награди, спортски настани и останти шоуа.
На отворањето на хотелот кое се случи на 25 октомври, гостите ги забавуваа Maroon 5, Sting, Alicia Keys, Billy Joel.