Поминаа 2 години откако на Netflix заврши втората сезона од серијата The Crown. Тоа се смени на 17 ноември, кога беше прикажана првата епизода од сезона 3.
Шоуто продолжува во 60-те години на минатиот век со оскаровката Оливија Колман, која сега наместо Клер Фој ја толкува улогата на Кралицата Елизабета. И останатиот дел од екипата е релативно нов. Хелена Бонам Картер се појавува во улогата на сестрата на Кралицата Елизабета, принцезата Маргарет, додека актерот Тобијас Менсис го толкува нејзиниот сопруг, принцот Филип.
Во првите неколку епизоди, можеме да ја видиме кралицата како се соочува со распаднатата британска економија, новиот премиер, смртта на Черчил, споредбите со нејзината прекрасна помлада сестра и слично. А сè уште не сме навлегле во животите на нејзините деца – принцот Чарлс и принцезата Ана.
Љубителите на претходните две сезона, дефинитивно треба да ѝ дадат шанса и на оваа новава. Оние кои не ја почнале серијата од почеток, Netflix секогаш ви дозволува да надоместите. Ако ништо друго, актерската екипа ветува многу.