Овој мал простор за големо уживање е овозможен од автомобилски инжењеринг и воздухопловни материјали. The Conker е пример за живеење во мал простор во кој нема да се чувствувате клаустофобично. Оваа сфера во ретро-футуристички стил, однадвор е изградена од сјајни шестоаголници.

Дијаметарот на оваа сфера е 13 метри со модуларен дизајн кој овозможува да поврзете повеќе сфери заедно. Направена од алуминиум и рециклирана пластика, со термална и звучна изолација, подно греење, USB приклучоци, The Conker може да го иберете како цела топка или полу-топка со можност за вградени панели за соларна енергија или приклучок за вашата стандардна електрична мрежа.

Уникатната форма овозможува собирање и рециклирање на дождовница. Цената на ваков простор кој можете да го користите како живеалиште, канцеларија или викендица е 27.000 американски долари.