Францускиот автомобилски дизајнер Етиен Салом ја презентираше идејата за The Atlantic- јахтата инспирирана од Bugatti Type 57SC Atlantic и Формула 1.

Етиен Салом е еден од најкреативните умови на современиот автомобилски дизајн. Неодамна го креираше драматичниот екстериер за Bugatti La Voiture Noire, а сега плива во малку понакви води. 

Формирајќи го наутистичкиот бренд Salome Yachts, на Monaco Yacht Show оваа година откри нови спортски потфат под името Atlantic. Како што кажува и самиот назив на проектот, станува збор за јахта долга 12 метри, инспирирана од митскиот Bugatti Type 57SC Atlantic. Истовремено вметнати се најновите аеродинамички технологии директно од Формула 1. Така, на пример, создаден е иновативен тунел за воздух во самиот труп на бродот, со цел да се редуцира отпорот и да се обезбеди стабилност при поголеми брзини. 

The Atlantic

Salome Atlantic јахтата ќе биде произведена во Италија и достапна на пазарот во 2020 година. Цената изнесува 1.6 милиони, без вклучен данок.