Оваа година, со својот стаж од 46 години, Passat стана најдолговечниот модел на групацијата Volkswagen.
Седанот кој господари со класата, VW Passat GTE е најеколошки настроената опција кој може да се движи само на електрична енергија.
Промените на надворешниот изглед се сведени на минимум, а промени се направени само во однос на LED светлата, кои се особено сменети во моделот GTE. Така, станува јасно дека сепак не се работи за обичната верзија на Passat.
Што се однесува до внатрешноста на возилото, удобноста на седиштата е ставена на високо ниво и во предниот и во задниот дел. Промени се направени во однос на функционалноста на дизајнот кој се приспособува на технологијата, а таа вклучува нов 11,7-инчен дигитален кокпит и нов инфозабавен систем со 9,2 инчен екран.
Деталите за моќноста и потрошувачката, како и многу детали за ентериерот и екстериерот на возилото и доживувањето при неговото возење, може да ги прочитате на страницата на Авто Плус. Тимот имаше можност да го тестира и да го пренесе своето искуство.