Toyota RAV4 може да се пофали со многу понапредна технологија, поголема софристицираност од своите претходници и лојална база на следбеници. Речиси нема автопроизводител во светот кој може да се пофали со историја на градење хибридни возила како што е Toyota.

Во надворешниот изглед забележлив е јапонскиот авангарден дизајн на RAV4 со видливи примеси на американскиот стил. Профилот на возилото изгледа доста поскладно од оној на претходната верзија, задниот дел делува најдинамично во целиот концепт, а обликот на светлосните склопови е вистинско спортско освежување. 

Во внатрешноста на RAV4 чувството е исклучително пријатно, големата пространост на кабината е очигледна, а дополнителен комфор носи и начинот на кој е изведена.

Багажниот дел располага со капацитет од 580 литри кога се сите седишта во употреба, а со соборување на задната клупа се добиваат 1.690 литри.

Тимот на Авто Плус го тестираше возилото па така видеото од тестот на Toyota RAV4 Hybrid, како и повеќе информации за возилото, можете да прочитате на страницата на Авто Плус.