Британската марка ја започна електричната ера со plug in хибридната верзија на Countryman S E.
Mini уште еднаш понуди интересна и забавна верзија на возење со несекојдневно чувство зад управувачот, благодарение на новиот Mini Countryman S E. Станува збор за почетокот на зелената офанзива на марката, во plug-in хибридна верзија, позната како Mini Cooper S E Countryman ALL4. Вака изведениот погон нуди опција за чисто електрична мобилност, при што без емисии, овозможува возбуда на атлетска агилност и врвна разновиднoст.
Надворешниот изглед е уште попотенциран од порано, со елементи типични за марката, додека внатрешноста нуди премиум амбиент достоен за дизајнот и квалитетот на материјалите.
Mini Cooper S E Countryman ALL4 комбинира варијабилен просторен концепт на најголемиот член на новата генерација на модели, со одржливоста на технологијата на BMW преку eDrive и електрифицираниот систем со погон на сите четири тркала.
Детали и повеќе информации можете да прочитате на страната на Авто Плус, бидејќи тимот на најстарата ревија за автомобили во земјава, имаше прилика да го тестира ова мало, но елегантно електрично задоволство.