Со „shooting brake“ облик и поедноставување на името, Kia отсега го користи називот ProCeed.
Квалитетни производи по пристапна цена – тоа е она што го сака европскиот пазар, а тоа го нуди Kia. ProCeed доаѓа со нов посебен дизајн наменет за пошироката публика.
Во однос на надворешниот изглед прво ќе го забележите задниот дел на автомобилот, а потоа и светлосната лента што патува од едната до другата страна. Особен шарм има со спуштањето на ноќта.
Внатрешното уредување има една спортска нишка, со цел да се истакне ваквиот карактер на Kia. Има нови спортски седишта создадени за динамично возење, изработени од комбинација на кожа и алкантара.
Моќен и потентен во секој момент, Kia ProCeed ги опфаќа повеќето изведби на бензинските агрегати од гамата, а вклучува и еден дизелски мотор.На располагање се два добро одмерени и високо опремени пакети GT-Line и GT, вториот е резервиран само за најсилниот двигател.
Тимот на Авто Плус ја тестираше корејската новина, токму со најмоќното срце со кое располага моделот во моментов. Сите детали во однос на ентериерот, екстериерот, моќноста и чувството при возењето, можете да ги прочитате тука.