Со новиот XE, Jaguar се надева на редефинирање на концептот за луксузен спортски седан, кој ќе стане Автомобилот во класата. Неговата лесна конструкција, спортската силуета, луксузниот ентериер и извонредно возење и ракување, се сведоштво за визијата на основачот на компанијата Сер Вилијам Лионс: „Автомобилот е најблиското нешто што некогаш ќе го создадеме до нешто што е живо“.
Надворешниот дизајн на автомобилот се придвижува кон спортски автомобили преку продолжување на пропорциите, додека внатрешниот е фокусиран на поголема удобност, квалитет и практичност за сите патници.
Тимот на Авто Плус го тестираше новиот Jaguar XE, нивните впечатоци за ентериерот, екстериерот, моќноста и потрошувачката, како и самото возење, може да ги прочитате на www.avtoplus.mk