Компанијата Tesla ја лансираше својата текила од 250 американски долари, Teslaquila. Ова најмногу е наменето за љубителите на американскиот бренд на електрични возила на Илон Маск. Tesla Tequila првпат се појави во април 2018 година како првоаприлска шега на Маск, со слика како се онесвестил покрај Tesla Model 3 опкружен со шишиња Teslaquilla, држејќи картон на кој пишува bankwupt.

Подоцна истата година, Tesla официјално поднесе барање до Заводот за патенти и трговски марки на САД за трговска марка Teslaquila. Овој премиум пијалок ќе се продава во одредени држави а содржи 40 проценти ABV создаден 100 проценти од агаве, зреен во стари француски дабови буриња. Текилата е произведена во Nosotros Tequila, а пакувана е во рачно изработени шишиња, обликувано во симболот на електричен полнеж со волумен од 750 милилитри.