Неговата изработка траеше цели 7 години, но конечно Tesla го презентираше Cybertruck.
Станува збор за пикап на иднината со крајно футуристички надворешен и внатрешен изглед. Има должина од 5.885 mm, ширина од 2.027 mm и 1.905 mm висина, со што собира шестмина патници. Кабината е минималистичка, но не и перформансите на возилото. Како и се друго кај овој модел, така и тие се „out-of-this-world“, па така забрзувањето до 100 km/h е за време помало од 3 секунди.
Ваквата конфигурација на американскиот пикап нуди и прилично висок возен опсег со повеќе од 800 километри, при што достигнува максимална брзина од 209 km/h, а ќе доаѓа со цена од 69.900 американски долари.