За време на AI Day презентацијата, Tesla претстави двав новитети – D1 чипот за нивниот Dojo суперкомпјутер и Tesla Bot, хуманоиден робот кој, според зборовите на Елон Маск, треба да биде претставен во прототип форма во текот на следната година. Dojo суперкомпјутерот исто така би требало да биде оперативен во 2022, со што ќе пристигнат најновите достигнувања во технологијата на автономното возење.

Она што нам најмногу ни го привлече вниманието секако е хуманоидниот робот. Tesla, според зборовите на Маск е „најголемата роботичка компанија на светот“, истакнувајќи дека нивните автомобили се „роботи на тркала“. Во овој контекст, Tesla Bot интегрира технологија од автомобилите Tesla, вклучително и 8 Autopilot камери и FSD компјутер. Исто така ќе има и екран поставен на главата и 40 електромеханички актуатори кои ќе му овозможуваат да се движи како човек.

Роботот ќе биде висок 1,73 метри и ќе тежи 56,7 килограми. Ќе може да носи 20,4 килограми товар и да оди/трча со брзини до 8 километри на час. Маск ги убедува сите дека Tesla Bot е дизајниран да биде пријателски, сепак, исто така истакнува дека го направиле побавен и помалку моќен од човекот за да може секој човек да биде надмоќен и да го наттрча роботот – за секој случај.

Tesla Bot

Ќе ги извршува сите задачи што луѓето ќе му ги зададат

Во случај да се прашувате што ќе ни е еден ваков робот, одговорот е едноставен – работа. Маск најавува дека „во некој период во иднината, физичката работа ќе биде избор“, со оглед на тоа дека роботите ќе ги „елиминираат опасните, репетитивните и досадни задачи“ од нашите животи. Со оглед на тоа дека нашата економија, барем во фундаментите, се сведува на труд и работа, користењето на роботи за работа ќе овозможи бесконечен раст. Една работа работа што Елон заборави да ја додаде е кој ќе профитира од овие безуморни работни роботи – дали луѓето кои работат за минималец или големите мултинационални компании?

Настрана политиката, добра работа за Tesla Bot е неговата способност да се движи слободно во нашиот свет користејќи Autopilot софтвер, а притоа да биде способен да ги разбере луѓето преку препознавање на гласовите. Ова значи дека ќе може да извршува задачи како што е одење до продавница и купување на намирници или да помогне на било каков начин со секојдневните обврски.

Дали Tesla Bot е сигнал за една нова ера во реалната интеграција на роботиката? Ова е нешто за што само времето има одговор. Она што е сигурно е дека нема да започнат војна со човечкиот род бидејќи веројатно сите си ја научија лекцијата гледајќи ги Terminator филмовите.