Инспирирани од својот претходен производ лампа во форма на книга, Lumio создаде звучник кој ја претставува „kintsugi“ јапонската уметност на спојување скршена грнчарија. Звучникот наречен Teno изгледа како полукружен декор од камен кој оживува со едноставен допир, кога нежно се отвори пукнатина по средината на предметот за да се открие мека, топла светлина и висококвалитетен звук.

При дизајнирање на овој звучник целат била оддалечување од типичната „техничка“ естетика на звучниците. Површината на Teno е направена од природен песок за да се создаде текстурална и тактилна сензација. Внатрешноста е тврда и обезбедува цврстина, издржливост и прецизност што ги бара технологијата. Teno се активира со допир, а звукот се емитува од вашиот смарт телефон.

Доста е функционален и лесен за употреба па така за да ја прилагодите јачината на звукот, го лизгате прстот нагоре и надолу од страната на садот, за да ја прилагодите светлината, ја допирате централната горна површина со што го активирате затемнувачот и за да одговорите на повик, едноставно допрете ја горната површина поблиску до работ. Овој bluetooth звучник нуди дискретно магнетно полнење, и меко светло за смирувачка атмосфера.