Ретки се оние сезони кога тексас кошулата не е во мода. Можете да ја носите со маица на кратки ракави, можете да ја носите самостојно со подвиткани ракави или со џемпер за постудените денови. Прилагодлива е и да ја носите до фармерки како double denim трендот, фантастична е за долги црни панталони или за крем шорцеви. Оставаме да се инспирирате!