Тамара Тодевска за прв пат после Евровозија 2019 ќе одржи целовечерен концерт на 27 јуни 2019 година во Античкиот Театар во Охрид. Овој концерт е во организација на Авалон Продукција.

Тамара

За изборот на локацијата од Авалон ќе кажат дека охридскиот Антички театар е уникатен простор кој нуди незаборавно искуство како за публиката така и за изведувачите.

Тамара на овој концерт ќе настапи со песни кои ја одбележаа нејзината кариера, од почетокот па се до настапот на Евровизија 2019. Влезниците ќе бидат пуштени од денес, онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.