Откако реши дека сака да ја заврши својата епизода во италијански Јувентус и беше понуден на некои од најбогатите тимови на планетата, па дури и на градскиот ривал на клубот во кој се прослави, Кристијано Роналдо на крајот реши да се врати дома, во Манчестер Јунајтед.

Сепак, она што е најинтересно е тоа што Роналдо, и покрај своите години, и понатаму се наоѓа во врвна форма и физичка подготовка, додека неговото тело без никакви дилеми и понатаму е во самиот зенит. Просто е неверојатно како еден 36-годишен спортист може да има ваква физичка состојба, но португалскиот суперстар неодамна откри што во моментов, во овие поодминати години – барем во фудбалска смисла – најмногу му помага да ја одржи својата совршена атлетска форма.

Луда работна етика

Без оглед на тоа дали го сакате или не, Кристијано поседува голем број таленти, особено во споредба со фудбалерите од денешницата, истовремено работејќи мошне напорно со цел да осигура максимална физичка кондиција, за што во голем дел се задолжени и здравите оброци и тричасовни, па дури и четиричасовни термини во теретана секој ден. Со цел да го одржи високото ниво на подготовка, Кристијано во својот тренинг вклучил пливање и пилатес, истовремено воведувајќи ги во текот на петте дена во теретана, мешајќи ги измеѓу кардио вежбите со висок интензитет и кревањето тегови.

Како што пренесува „The Daily Mail“, Роналдо минува околу три до четири часа во теретана секој ден. Кога станува збор за вежбањето, поранешниот соиграч на Роналдо од Јувентус, Мехди Бенатија, неодамна говореше за посветеноста на Португалецот, откриваќи дека еднаш примил порака во 23 часот, во која Кристијано го прашал: „Дали си расположен за некое вежбање во теретана? Не се испотив и многу ми е потребно. Доаѓаш ли?“.

Кристијано Роналдо

Бенатија ја одбил оваа понуда, но додаде: „Во тој момент сфатив дека Кристијано не е нормална личност. Кога работите со него, морате да го почитувате уште повеќе бидејќи ви станува потполно јасно дека овој човек го жртвува целиот свој живот поради фудбалот“.

Обилни оброци

Мошне здравите диети на Роналдо се распоредени во шест високопротеински дневни оброци со ниско ниво на масти и житарки во големи количини, од кои сите се специјално избрани од страна на личниот нутриционист на фудбалерот, кој соработува со него со години наназад. Разговарајќи за својата диета, Роналдо изјави: „Јадете регуларно. Тоа е многу важно со цел да го одржите своето ниво на енергија високо“.

Тој своите високо енергетски нивоа ги одржува со изобилие на свежа риба, вклучително туна и сабјарка, покрај кои се наоѓаат шницли, маслинки, пилешко, јогурт со ниска масленост, свежо овошје и салати. Португалскиот играч го одржува своето тело хидрирано комплетно исфрлајќи го алкохолот и газираните пијалоци, уживајќи единствено во водата. Секако, во тоа се уверивме при неговото поместување на шишињата Coca-Cola за време на една прес-конференција за време на Европското првенство ова лето, поставувајќи ја флашираната вода како главна алтернатива.

Покрај смисленото одвојување на времето за уживање во храната и вежбањето во текот на денот, Роналдо сака да спава повеќе од било што, всушност. Меѓутоа, тој не оди на осумчасовна ноќна мерка, која доаѓа како стандард и наместо тоа тој сака да користи пет деведесетминути „партии“ со цел да се чувствува свежо и полн со енергија. Говорејќи за својот необичен распоред на спиење, тој во една прилика истакна: „Добриот сон е најважен за да го извлечете максимумот од своите тренинзи. Спиењето помага при опоравување на мускулите, тоа е најважно“.