Tag Heuer ја претстави својата втора специјална едиција со цел да го одбележи партнерството која оваа компанија ја има со тимот кој се натпреварува во Formula 1 шампионатот. Двете компании соработуваат веќе четири години и овој 43 милиметарски хронограф е направен да ги рефлектира нивните заеднички естетики кои ги споделуваат. Часовникот плени со својот елегантен дизајн кој е директно инспириран од новиот Aston Martin Red Bull Formula 1 болид кој беше претставен на 19 февруари во Шпанија.

Челичната позадина е во сина боја како и болидот со црвени и жолти акценти, во мотивите на Aston Martin Red Bull Racing Team. Поседува „прозорец“ на кој се прикажува датумот кај ознаката за 4 часот, а задниот дел од часовникот е изгравиран со логото на тркачкиот тим. Часовникот исто така е со кварцен погон и доаѓа со челично ременче.

Tag Heuer

Часовникот е отпорен на удари и отпорен на вода до 200 метри длабочина. Од Tag Heuer велат дека нивниот специјален часовник минал низ „60 тестови за контрола на квалитетот. Првата поголема Formula 1 колекција на Tag Heuer за првпат беше лансирана во 1987 година и отсекогаш ја отсликувала долгогодишната интимна врска која овој бренд ја има со тркачките спортови.

Тоа е само една од причините поради која Tag Heuer во принцип се така одлични часовници – и покрај сиот свој гламур кој го носат со себе, тие се сѐ уште цврсти, сигурни и еминентно издржливи. Остатокот од „спецификациите“ на Tag Heuer Aston Martin Red Bull Racing Special Edition 2020 вклучуваат и минути и 1/10-ти дел од секундата, перманентен секундарен индикатор и централна хронографска сказалка за секунди. Цената на овој нов модел во семејството на Tag Heuer изнесува 1.700 долари.