Пред половина век, Tag Heuer создаде безвременски класичен рачен часовник кој го носеше името Monaco. 50 годишнината од своето постоење го прославија со извонредниот занает, труд, квалитет и нов дизајн на легендарниот Monaco.
Реставрираната и декорирана верзија на Monaco od 1969 година, ќе биде дел од аукција во Њујорк која ќе се одржи на 10 декември. Средствата Tag Heuer како бренд ќе ги пренамени за едукативни кампањи на децата.
Најневеројатниот дел од дизајнот на овој часовник е транспарентниот капак кој дозволува да се гледа декоративното движење. Во претходната верзија, овој дел од рачниот часовник бил покриен со капак од челик, но дизајнерите на Tag Heuer го заменија со кристал од сафири.
Декорирањето на часовникот Monaco d’Art претставува рачна изработка на четворица врвни експерти кои работеле во период од 3 месеци. За потребите на дизајнот, создадени се специјални алатки кои претходно не биле достапни.
Monaco d’Art е спакуван во специјална дрвена кутија со црвен лак, бела кожна внатрешност. Изминатава година Tag Heuer лансираа неколку верзии во чест на Monaco. Секоја од верзиите почнувајќи од оригиналниот, па сè до денес, го претставува стилот на една декада.
Tag Heuer повторно ќе го најдете во Божиновски накит и часовници.