TAG Heuer во 1860 година, тогаш познат само под името Heuer, основан е од страна на Едвард Хојер во Сен Имиер во Швајцарија.

Во изминатите 160 години многу работи се променија, но посветеноста на овој бренд кон иновациите и развојот на врвните часовници остана константа. Една колекција на која оваа година ќе добие посебно внимание е TAG Heuer Carrera линијата, која го содржи еден од најпрефинетите хронографи на овој бренд. Станува збор за иконски часовници, кои од своето претставување пред речиси шеесетина години, наследството на славната куќа и одважниот дух го чуваат од времето кое одминува.

TAG Heuer го претставува TAG Heuer Carrera 160 Years Silver Limited Edition, кој ќе биде произведен во само 1.860 парчиња. Новиот часовник во продажба ќе биде достапен од јуни годинава.

Во 1962. година, тогашниот извршен директор Џек Хојер сакаше естетиката на Heuer Carrera хронографите да биде чиста и пропорционална – тие особини воедно ги каратеризираат совршените часовници за возачите, кои мораат да го држат својот поглед на патеката за време на трките, без многу свртувања.

Реномираниот модел на монохроматскиот, сребрен бројчаник од 1964 година, со своите azurage бројачи е совршен избор за прославата на 160-годишнината од брендот. Често нарекуван и 2447S, овој модел сега добива нов момент под рефлекторите, со унапреденија својствени за 21 век.

Со неколку промени во однос на оригиналот

Новиот хронограф од нерѓосувачки челик содржи многу дизајнерски акценти кои се слични на неговиот претходник, како етерично елегантниот бројчаник и полираното куќиште. Сепак, обликот е нешто поинаков, па часовникот сега мери 39 mm наместо оригиналните 39 mm. Перманентниот индикатор на секунди се наоѓа на позицијата на шест часот наместо девет, поради разликата во конструкцијата на Valjoux 72 од 1963 година и денешниот Heuer 02 механизам.

Heuer Carrera

Уште една промена во однос на оригиналот е обликот на централните сказалки за часови и минути, кои сега се обложени со SuperLuminova беж слој. Непогрешливиот Carrera назив и Heuer штитот се испринтани на бројчаникот кој е заштитен со куполест сафирен кристал, кој на целата приказна и дава ретро примеси, потсетувајќи на оригиналниот Heuer Carrera модел.

Претставен со црно ременче од алигаторска кожа, овој модел е ограничен на 1.860 парчиња, што е омаж на годината во која Heuer брендот е основан. Написот „One of 1.860“ и „Limited Edition“ се изгравирани на задната страна од куќиштето. Редизајнираниот осцилирачки тег, видлив преку сафирниот кристал, украсен е со гравури кои се исполнети со лак, а кои навестуваат дека станува збор за модел со ограничено издание.

Одважната, иновативна и елегантна TAG Heuer Carrera колекција, првенствено дизајнирана за возачите, еволуираше од своето прво лансирање, но ги зачува своите врски со мото-спортот и својата беспрекорна репутација.