Bamford Watch Department и Badgerworks повторно го избраа TAG Heuer Carrera како модел на кој ќе можат да ја изразат својата креативност. Овој пат тие се оддалечија од својата претходна употреба на Fordite со цел да инкорпорираат уште понеочекувани материјали за создавање на бројчаникот – мелено кафе. Органскиот материјал е добиен од гетебуршкиот Cafe Da Matteo, реномирана кафетерија во Шведска, а потоа е користен за производство на празните бројчаници кои се рачно финиширање при самата конструкција. Часовникот самиот по себе доби форма на TAG Heuer Carrera Calibre 5, носејќи во себе Sellita базиран автоматски механизам во куќиштето од не’рѓосувачки челик со пречник од 41 милиметри, кое доби нежно светло сива облога од титаниум.
„Неверојатно е да се соработува со Џејмс Томпсон од Black Badger брендот на нашата втора соработка. Отсекогаш сум сакам да креирам преубав тропски часовник, но на модерен начин и мислам дека овој модел креиран од рециклирање на кафе има автентичен ‘вајб’. Совршено се вклопува со Carrera часовникот“, изјави Џорџ Бамфорд, основачот на Bamford Watch Department.
Џејк Томпсон, пак, од друга страна истакна: За мене, ова е природен прогрес на BWD Badgeworks проектот. На истиот начин на кој претходно ги користевме Fordite материјалот, овој пат истраживме нешто што е генерално надвор од очекувањата на традиционалното часовничарство. Неколку материјали се познати по својот изглед и иксуство како кафето. На неговата основа се градат економии, поради него се водат војни и секогаш е присутно во историјата. Повеќе од 2 милијарди чаши кафе се појат секојдневно на нашата планета“.
Специјалното издание BWD x Badgeworks TAG Heuer Carrera Calibre 5 со Tropical Coffee Dial бројчаник ќе може да се купи преку Bamford Watch Department онлајн продавницата, со само 20 достапни единици, а секоја од нив чини 6.737 долари.