Најпосветените љубители на TAG Heuer би можеле да не потсетат кога Autavia часовниците биле користени и познати како часовници за пилоти. За повеќето корисници Autavia е препознатлив по F1.

Но сепак Autavia е концептуализиран како мотоспорт и авијациски часовник, дури и името асоцира на тоа. TAG Heuer испорачува цела колекција на нови Autavia часовници која треба да не потсети на способноста на овој хронограф.

Двонасочната рамка од 60 минутна скала од црна керамика, сина керамика и нерѓосувачки челик напишана со традиционални арапски бројки, три стрелки во форма на меч, 42 mm округло куќиште  ја заокружуваат естетитаката и функционалноста на часовникот кој е инспириран од 60-тите година на минатиот век.

Механизмот Caliber 5 кој го имаат Autavia часовниците е најновата технологија која доаѓа од компанијата, а Isograph номенклатурата која го добива овој механизам е поради јаглерод- композитната пружина на механизмот. Caliber 5 беше претставена од TAG Heuer на почетокот на годината. Освен моделите од нерѓосувачки челик Autavia доаѓа и со два модели во бронза.