Светската здравствена организација (СЗО) во јуни 2018 предложи додавање на „гејмерското растројство” на својата листа на глобално признати болести.

Меѓународната статистичка класификација на болести и сродни здравствени проблеми го класифицираше ова заболување како нарушување поради зависно однесување, каде се наоѓа и зависноста од коцкање.

Ова нарушување подразбира зголемување на приоритетот даден на игри до степен до кој играта има предност пред другите животни интереси и секојдневни активности. За да може да биде поставена ваквата дијагноза пациентот треба да го покажува гореспоменатото однесување во период од најмалку 12 месеци, или евентуално во пократок временски период во случај на тешки симптоми.

Како одговор на оваа класификација претставници од гејмерската индустрија од САД, Европа, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Јужна Африка и Бразил побараа од СЗО да ја промени својата одлука бидејќи вклучувањето на ова нарушување на листата на МКБ-11 не се базира на силни докази и е донесена без консензус на академската заедница.

Иако усвојувањето на „гејмерското растројство” како нарушување од страна на МКБ-11 е официјално договорено, тоа нема да стапи на сила до 1 јануари 2022 година. Така што гејмерската индустрија има време да го докаже нивното.