Новиот материјал на Swatch претставува мешавина од керамика и биопластика произведена со употреба на рицинусово масло. Овој материјал свое деби ќе има во моделите Big Bold, 47mm, кои се достапни во пет различни бои и тоа, црна, бела, светло сива, светло сина, и светло розева. Мешавината од две третини керамика, една третина биопластика и пигмент произведува робустен, лесен материјал кој нуди отпорност на гребење и мекост на допир. Недостатокот на броеви и основа ги истакнува стрелките и ја открива внатрешноста на часовникот и неговиот механизам. Овие часовници на Swatch ќе бидат достапни за потрошувачите од 15-ти Април, а цената се очекува да биде околу 150 американски долари.