Новите часовници Swatch x Omega ги надминаа сите очекувања и предизвикаа стампеда и редици во сите светски метрополи. Неочекуваното, провокативно и визионерско партнерство меѓу Swatch и Omega колуминира со лансирањето на колекција од 11 модели на Swatch именувани по 11 вселенски тела, од нашиот сончев систем. Партнерството е резултат на трендот на соработки помеѓу луксузни и „street” брендови за создавање иновативни нови производи кои го спојуваат најдоброто од двата света.

Брендовите ја црпеа својата дизајнерска инспирација од вселената, за да создадат колекција од единаесет модели на Swatch именувани по планетарните тела, од џиновската ѕвезда во центарот на Сончевиот систем до џуџеста планета на нејзината периферија. Сите дизајни на Swatch се изработени од патентираниот материјал „биокерамика“, уникатна мешавина од две третини керамика и една третина материјал добиен од рицинусово масло.

Во саботата на 26 март часовниците имаа светско лансирање само во избрани Swatch бутици. Првичните количини на новата заедничка серија на часовници на Swatch и Omega направи вистински бум низ целиот свет, тектонско пореметување кое што не се памти во скорешната историјата на часовничарството и се распродадоа за само еден ден. А, на сивиот пазар новата серија достигнува вртоглави цени од 5000 до 8000 долари. Ова немаше да биде ништо чудно, ако редовната цена на часовниците не е 250 долари.

И кај нас веќе има огромен интерес, но со оглед на реткоста на серијата, истата ќе биде достапна единствено со преднарачки. За сите оние кои се заинтересирани да си набават ваков уникатен часовник, можете да се обратите во продажните салони на Божиновски каде можете да имате разговор со некој од продукт експерите кои ги имаат сите детали за самата колекција, а ќе ве информира и за начинот на кој што може да се купи еден часовник од оваа уникатна серија.