Intelligent Music Project (IMP) е еден од најинтересните светски музички рок проекти во последните десет години. Носители на супергрупата IMP се рок легендите Симон Филипс (Тото), Џон Пејн (Азија), Карл Сентанс (Nazareth), Џон Лотон (Uriah Heep), Боби Рондинели (Black Sabbath) и Ричард Гризман (Римски Хаундс).
Како менаџер на групата се јавува познатиот Рака Мариќ, кој беше менаџер на познатите Бјело Дугме, Здравко Чолиќ…, а во соседна Србија ги организираше и концертите на „The Rolling Stones“, Лени Кравиц, Били Ајдол и други рок sвезди. Тој истакнува дека иако сегашната ситуација е многу тешка за организирање настани во регионот и ширум светот, верува дека ќе има можност за лојални фанови да ја доживеат музиката на Intelligent Music Project во повеќе градови во регионот.
„Бендот е вистински чувар на рок музиката со неверојатен потенцијал да
ја освои светската рок музичка сцена!-додава Рака Мариќ.

Групата моментално го снима својот шести студиски албум наречен „The
Creation“, со Рони Ромеро од групата „Rainbow“, инаку рок бенд на Ричи
Блекмор. Силниот глас на 38-годишниот чилеански пејач го усовршува
музичкиот концепт на Intelligent Music Project. Албумот „The Creation“ не е
прва соработка на Ромеро со IMP. Рони Ромеро исто така ја пее една од
најпознатите песни на IMP, наречена „Every Time“

посебен хит-сингл од петтиот албум на групата „Life Motion“.
Под влијание на легендарните бендови како „Тото“ и „Deep Purple“, IMP пренесува лекции од позитивен живот преку својата музика и текст. Групата остава јасен музички отпечаток на добра рок музика со интелигентни текстови кои се издвојуваат од различните глобални трендови во музичката индустрија.

Во моментов, IMP го завршува снимањето на нивниот нов албум и гостува во ТВ-емисии низ Балканот. Бендот планира да настапи и во Македонија пред нивната европска турнеја оваа пролет 2021 година.