Нова година нови лансирања на патики. Во центарот и овој месец се одржливоста и класиците. Додека некои брендови правеа свесен пресврт кон еколошка мода, други ги редизајнираа своите иконски модели на нови и возбудливи начини. Еве ги најдобрите лансирања овој месец:

ASICS SportStyle GEL-QUANTUM 180 6- го задржува традиционалниот фат за перформанси истовремено развивајќи се технички. Оваа патика е обликувана од мрежа и синтетичка кожа која и даваат современа естетика. Задниот дел на патиката има перниче од 180 степени со GEL™ технологија која служи за амортизирање и поголема удобност.

патики

Adidas Stan Smith Sustainable- 56-годишна тениска икона, која е столб за брендот уште од своето основање добива „update“. Следејќи го патот на одржливоста, направени од 100 проценти рециклирани материјали, Stan Smith се дело направени од новата мешавина PRIMEGREEN.

Nike Air Force 1 ’07 LV8 Black/Multi- Како една од најраните лансирања годинава овие црни патики имаат интересно „Swoosh“ лого кое има пикселирана форма со холографска боја.

Reebok X Kung Fu Panda INSTAPUMP FURY OG- Една од најинтересните соработки каде Reebok се соедини со DreamWorks за да ја прослават лунарната нова година со супер-специјална капсула инспирирана од ликот на По, од Кунг Фу Панда. Овие патики се лансираа во две силуети и тоа Club B и Zig Kinetica. И двете патики имаат прилично апстрактна естетика.