Новата Literatura.mk Superstore книжарница е најголемата во Македонија со површина од 500 метри квадратни и се наоѓа на вториот кат на Скопје Сити Мол. Во чест на официјалното отварање кое е закажано за 20-ти Мај 2020 година (среда) во 20 часот ексклузивен настап ќе има македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ. Целиот концерт ќе можете да го проследите онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на Literatura.mk.

Книжарницата има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, во архитектонски модерно дизајнираниот простор се застапени и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки.

Посебен акцент е ставен на гифт-програмата, во која покрај производите од добро познатиот бренд „Скрипти“ (нотеси, планери, чаши, маички, картички магнети и друго) ќе може да се најдат и луксузни подароци, дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија.

Во книжарницата има и широка понуда на играчки за деца, од 0 до 14 години, од повеќе познати светски брендови како Clementoni, Manopoulos, Bontempi, Cobi, Creativ, Engino, V-cube, Italeri, AnimalPlanet и 4M.

Еден од најзначајните новитети е кафе-барот, којшто ќе биде во функција кога ќе има дозвола за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри. Кафулето на „Литература.мк“ ќе опфаќа 60 m² од внатрешноста на продавницата и 100 m² на терасата. Тоа ќе биде првиот локал каде што ексклузивно ќе биде застапено едно од најдобрите кафиња Café Italia, кое во кафе-книжарницата ќе може да се најде и како ребрендирано во Café Literatura.