Нашата кожа не престанува да не изненадува. Способностите кои таа ги има едноставно се зачудувачки. Ќе се здебелиме таа ќе се оптегне, ќе ослабеме таа се враќа во нормала. Се заштитува во случај на оштетување, а има способност да задржува влага.
Но процесот на стареење доведува до слабеење на тие способностите, па на кожата и треба помош доколку сакаме да ја задржи својата еластичност. Кремите за навлажнување создаваат заштитна бариера на површината на вашата кожа. Кога купувате крема потребно е да внимавате на неколку состојки кои ќе ви помогнат да го задржите младешкиот изглед.
- Емолиенси- се козметички состојки што се користат за заштита, навлажнување и подмачкување на кожата. Водата постојано испарува од подлабоките слоеви на кожата. Со регулирање на вода, површината на кожата делува како бариера против патогени, нечистотии или оштетување. Petrolatum (бел мек парафин) е најефикасниот емолиент, додека други популарни се рицинусово масло, какао путер, ланолин, течен парафин, полиетиленски гликоли, шеа путер, силиконски масла, стеаринска киселина и стеарил алкохол.
- Хумектанти- се супстанци кои ја задржуваат водата на горниот слој на кожата. Вакви супстанци кошто се користат во козметиката се триетилен гликол, пропилен гликол, глицерин, сорбитол, хексилен и бутилен гликол, уреа, колаген.
- Антиоксиданти- се соединенија кои ја инхибираат оксидацијата, односно спречуваат создавање на слободни радикали, кои можат да доведат до оштетување на клетките на кожата. Антиоксидантите се корисни на два начина: од една страна тие спречуваат деградација на природни состојки (протеини, шеќери, липиди) во козметичкиот производ. Од друга страна ги штитат клетките на кожата од оштетување и го забавуваат процесот на стареење. Се покажало дека антиоксидантите ја зголемуваат сјајноста на кожата, ги минимизираат старосните точки, сончевите дамки и брчките.
Еве наша листа на неколку креми со кои ќе го задржите младешкиот изглед:
1. BIODERMA HYDRABIO GEL-CREME: добра опција за чувствителна кожа. Содржи витамин Е како антиоксиндант и салицилна киселина за рафинирање на површината на кожата.
2. CLINIQUE FOR MEN PROTECT SPF 21 MOISTURISER: погоден за сите типови на кожа. Крема што нуди доволно заштита без преоптоварување на порите.
3. L’OREAL MEN EXPERT VITA LIFT 5 ANTI AGEING MOISTURISER: збогатен со Pro-Retinol, моќна состојка против брчки, нуди 24 часовна хидратација. Крема што ветува поцврста кожа и измазнет тен.