Suunto доаѓа од земјата на сауните и Nokia телефоните. Слично како и неговиот „колега“ за спортски часовници Polar, го губи теренот од страна на растечката армија на часовници на Garmin како и неосвладливиот раст на Apple Watch. Така, Suunto 7 е нова територија за компанијата која е добро запознаена со крос кантри тркачите и пешаците отколку било што друго.

За да помогне во оваа транзиција, Suunto се обрати до Google за да ја добие паметната технологија, како што се плаќањата, апликациите и стриминг на музика без паметен телефон. Сепак, цената од 429 фунти значи дека овие карактеристики чинат повеќе од поголемиот дел паметни часовници.

Suunto

Часовниците на Suunto традиционално важеа за избор на авантуристите поради што тие се одлучија за изглед кој е цврст и изграден да трае. Додека Suunto 7 е се уште спортски во својата срж, додавањето на база од не’рѓосувачки челик и некои помодерно обоени ленти додаде малку живост во постапките. Во најмала рака, тие не го носат впечатокот дека автоматски овој часовник му одговара на зглобот на некој што половина од своето време го минува на некоја планина.

Паметните ингеренции на Suunto 7 пристигнуваат со неговиот екран на допир во боја со солидна големина, кој е перфектно прилагоден за прикажување на вашите разговори во вашата WhatsApp група или кога ќе се осмелите за ноќно трчање. Можете да користите низа контроли за да управувате со вашиот часовник, а тука се и четирите копчиња кои дополнително помагаат при командите.

Оперативниот систем е најголемата мана

Од друга страна, малигниот оперативен систем Google Wear се грижи за софтверската страна на часовникот со доста чудни нотификации, главно несмасен паметен асистент кој некогаш воопшто не е од помош и апликации на кои им е потребно доста време за да се активираат. Сепак, присуството на Suunto 7 се чувствува на местата каде што најмногу е потребно, што значи дека ги отфрла критичните спортски апликации на Google и на нивно место поставува две свои веродостојни и посигурни апликации.

Suunto 7 ви нуди речиси се што можете да посакате од спортски часовник – вграден GPS кој не ве држи да висите надвор од вашата куќа чекајќи сигнал, посветени режими за следење на патувањето со велосипед, интервален режим за тренин и основни статистики. Мониторот за следење на срцевите отчукувања е одличен придружник при вежбањата, иако често потфрла, впрочем како и повеќето сензори за срце кои се поставени на зглобовите, кога ќе го доведете до границите на максимумот при тренинзите со висок интензитет.

Онаму каде што Suunto сака да „поентира“ во вашиот авантуристички дух е со неговите додатоци за мапирања кои нема да ги најдете кај повеќето паметни часовници. Неговиот екран во боја е доволно добар за прикажување на деталните мапи, кои можете да ги преземете и да ги зачувате на самиот часовник. Исто така, постојат и heat-maps кои ги покажуваат најпопуларните рути за трчање и возење во ваша близина. Дури и ќе „даунлоадира“ популарни рути засновани на тие heat-maps каде и да се најдете во светот.

Импресивен век на траење на батеријата

Она што го прави Suunto 7 посебен е неговиот импресивен век на траење на батеријата. Овој паметен часовник има повеќе заедничко со Apple Watch кога станува збор за тоа да ве држи подалеку од полначот. Батеријата на овој часовник може да издржи два дена без полнење во нормален режим на паметен часовник и дури 12 часа со GPS режим, што е повеќе од поголемиот дел часновници.

Suunto

Suunto 7 не е првиот спортски паметен часовник и сигурно нема да биде ниту последен. Како таков, неговите иновативни одлики за мапирање се клучот кој му помага да се истакне во однос на конкуренцијата како Samsung Galaxy Active 2 и Fitbit Versa 2, особено затоа што повеќето други негови одлики можат да се најдат и на други места. Исто така, потпирањето на Google јасно помогна во транзицијата на Suunto паметниот часовник, но за сите добри работи кои овој уред ги има, доаѓа необичностите кои пристигнуваат со иритантниот софтвер. Ако ве рпивлекуваат навигациските вештини на Suunto 7 и можете да ја прифатите цената која е во рангот на Apple Watch, сигурно ќе можете и да најдете причина да го купите овој часовник и да уживате во авантурите кои ги носи надворешниот свет.