Најновиот лаптоп на технолошкиот гигант Microsoft, Surface Laptop Go кој е претставен како најлесен досега, не е само лесен, туку и елегантен и исклучително функционален. Сето ова помага во фактот дека сите работата, па некаде и учењето, го селиме од канцеларија во домовите а некои и во кафулињата на отворено. Со ширина од 15,69 милиметри лесно се вклопува во ташна.

И покрај неговата физичка големина, лаптопот е преполн со импресивни спецификации. Најважниот дел што треба да го знаете за Surface Laptop Go е дека можете да очекувате приближно 13 часа траење на батеријата. Исто така, доаѓа со 12,4 инчен дисплеј, осетлив на допир и удобна тастатура. Ако често користите некоја од платформите за видео состаноци, предната HD-камера со 720 пиксели јасно ќе го пренесе секој израз на вашето лице. Microsoft Surface Laptop Go ќе биде достапен од 24 ноември.