Исто како и паметните звучници и паметните часовници пред нив, така и бежичните слушалки стануваат трендот во кој се вклучуваат речиси сите технолошки гиганти. Причината е поради тоа што AirPods на Apple доживеаја огромен успех, а тешко дека некој не сака да грабне дел од колачот. Па така, по Samsung, Amazon, Google, Sony и буквално секој друг бренд за гаџети, се вклучува и Microsoft со своите Surface Earbuds.

Да, истиот Microsoft кој ги произведува Windows, Office и изненадувачки добри лаптопи. Веројатно поради тоа не треба да биде изненадување што Surface Earbuds се легитимно добри и сосема солидно вредни за парите, особено ако се земе предвид какви продукти понудија дел од конкурентите на почетокот при влез на овој пазар.

Surface Earbuds

Во реалноста, Microsoft Surface Earbuds не претставува откривање на „топла вода“, настрана нивниот луд дизајн. Кога ги носите делува како да сте дел од Starship Enterprise. Делува можеби и смешно, но исто така се и забавни и уникатни. Можете да кажете што сакате, но Surface Earbuds не се само копија на AirPods, како што е случајот со другите компании.

Она што е уште поимпресивно е што Microsoft Surface Earbuds „погодија“ во основата. Ги поставувате во вашите уши и тие седат таму удобно и безбедно. Тие се едноставни за поставување и конектирање речиси веднаш со вашиот телефон или лаптоп. Згора на се, ќе останете воодушевени од квалитетот на звукот кој го нудат.

Surface Earbuds

Да расчистиме, Surface Earbuds не нудат било какви придушувачи на звук и откажување на бучавата, па не се баш на истото ниво како поскапите AirPods Pro и Sennheiser Momentum Wireless 2 или WF-1000XM3 слушалките на Sony.

Несомнено ќе станат голем хит

И додека Microsoft Surface Eаrbuds имаат контроли и поддршка за гласовен асистент, концептот на „слепа продукција“ во ушите во целина не е воодушевувачки. Вашата „километража“ може да варира, но осум часа на континуиран живот на батериите е далеку од некое поголемо значење.

Дали тоа значи дека треба да си купите пар Surface Earbuds во моментов? Веројатно не, но и онака не треба да купувате најголем дел од технологијата веднаш откако ќе се појави на пазарот. За неколку месеци, од Microsoft ќе ја спуштат цената, веројатно ќе пристигнат и во комплет со новиот компјутер на Microsoft, Surface, и во тој контекст ќе бидат навистина добра зделка. Во поширок обем, Surface Earbuds е уште една потврда за постојаната способност нa Microsoft да погоди со хардверот кој го носи неговото име. Ретко кој очекуваше дека оваа победничка низа ќе се префрли и на бежичните слушалки, но многумина можат да бидат задоволни што ја направија оваа грешка, бидејќи Microsoft Surface Earbuds сигурно ќе станат хит со текот на времето.