самодовербата

Кои оние нешта кои ги прават мажите, со кои покажуваат голема самодоверба? Ова е веројатно едно од најпоставуваните прашања кога се зборува за личниот развој кај мажите и факторите кои ги прават привлечни кај спротивниот пол.

Прашајте неколку жени, а кај голем дел од нив ќе пронајдете слични одговори. Ова се случи пред некој ден на Reddit, кога беше поставено горенаведеното прашање. Во рок од 24 часа се разви голема дискусија, а многу жени ширум светот го дадоа своето мислење. 

Меѓу оние одговори кои најчесто се појавуваа, на високо место котираше егото на мажот. Според жените, една од најважните карактеристики кои покажуваат дека мажот има доволно самодоверба е неговото не толку стаклено его. Мажот кој не се чувствува повреден и нема проблем да го коригираат некогаш, е маж кој верува во себе. Една од жените наведува пример: „Ако мажот има погрешен податок, кој некој од опкружувањето го коригира, и мажот изреагира на културен и заинтересиран начин. Луѓето несигурни во себе не сакаат ништо ново да научат, и живеат во страв дека егото им е загрозено.“

Друга карактеристика е онаа кога мажот ќе излезе поголем маж во дадена ситуација. „Нема ништо попривлечно од маж кој не дозволува мал конфлик да ексалира во голема врева. Едноставно се врти на другата страна, го почитува туѓото мислење и продолжува понатаму. Воопшто не е привлечно кога мажите се однесуваат како деца.“

Насмевката е уште една карактеристика на самодовербата, но таа треба да е умерена, а не морничава. Уште поубава е насмевката со очите.