Supreme x The North Face ја лансираа својата колекција за сезоната пролет 2021 со која се потврдува нивната соработка. Колекцијата изобилува со интересен принт во црна, сина и црвена боја, со што се потврдува стилот на The North Face. Новата колекција од соработката меѓу Supreme и The North Face носи Nuptse Jacket, Nuptse Vest, Nuptse Pant и Nuptse Blanket направени од најлон кој дише и е водоотпорен со 700-Fill Down полнење, додека Mountain Light Jacket моделот е направено од DryVent® најлон кој исто нуди водоотпорност и вентилација. Во колекцијата има и други производи како што е камп торба, обувки, маици. Секое парче од колекцијата е обележано со Supreme x The North Face, а колекцијата ќе биде достапна од 25-ти Март оваа година.