Новата колекција на очила за сонце на Supreme ги воведува Stretch, Royce и Miller рамките. Сите три рамки се рачно изработени во Италија и доаѓаат во комплет со анти-рефлексни облоги користени на леќите.

Miller се засноваат на црна, златна и сребрена боја, со детали во форма на дијаманти. Stretch доаѓаат со златна, виолетова, црна и транспарентна рамка, додека Royce со зелена, црвена и црна боја како и зебра и желка принт.

Поради ситуацијата во моментов очилата се достапни за онлајн нарачка низ целиот свет. Во продавниците во Париз ќе бидат достапни од денес, додека во Јапонија од 27-ми јуни.