За Supreme и Mac Tools ова нема да биде прва соработка но ќе биде доста интересна, бидејќи станува збор за работна станица (маса) која е главен производ за автомобилска механика. Оваа маса наменета за складирање на автомобилски алат е заснована врз моделот на работни станици Mac Tools T5025, а на видеото снимено од @ zevmagasis се гледа како холо производ.

View this post on Instagram

Supreme®/Mac Tools® T5025P. 📹@zevmagasis

A post shared by Supreme (@supremenewyork) on

Според Mac Tools, нивниот примарен производ T5025 е двојна работна станица која располага со големи лизгачки фиоки и 6-инчни тркала кои овозможуваат флексибилност и подвижност. Погодна е за приклучување на електрични апарати поради интегрираната лента за напојување, додека Uni-key системот за заклучување овозможува безбедност на сите работи. Брендирањето од страна на Supreme како што можеме да видиме би го освежило производот. Повеќе информации околу оваа можна соработка не се објавени од Supreme и Mac Tools.