Supernatural е фитнес платформа која нуди вежби со висок интензитет притоа патувајќи на неверојтни локации на Земјата но и во вселената со помош на Oculus Quest сетот. Сајбер светот е голем тренд за новата деценија, бидејќи виртуелната и мешаната реалност достигнуваат нови нивоа на софистицираност.

Целиот концепт Supernatural е развиен од Within, студио за виртуелна реалност. Вежбањата се поставени на „фото-реални“ локации, вклучувајќи Machu Picchu, островите Galapagos и Erta Ale вукланот во Етиопија… каде што играчите ги избегнуваат пречките додека слушаат музика. Секоја личност може да направи персонализација на тренингот по барање, направени од врвни фитнес тренери.

Она што е уште поимпресивно е фактот дека ја калибрира вашата висина, распонот на рацете и други параметри како би се дека секој тренинг е безбеден, предизвикувачки и мапиран конкретно за вашето тело.