Супербрзите скутери на вода станаа исклучително популарни во последниот период, а сега има нов конкурент во сегментот. Supermarine MM01 е првиот „хипер-скутер“ од овој вид кој чини вртоглави 900.000 долари.
Според Robb Report, ова спектакуларно возило за на вода ќе биде „најбрзиот и најскапиот“ скутер на вода на светот со 300 КС, целосно електричен систем кој ќе може да го катапултира Supermarine MM01 до брзина од 120 километри на час, што е исклучително брзо за ваков тип на возило.
Овој скутер е замисла на браќата Жермен и Леополд Буве од Bouvet Freres Marine. Оваа висококвалитетна француска компанија ја планира првата ограничена серија која ќе биде сочинета од 30 примероци – 15 во бисерна и 15 во црна боја.
Секој примерок ќе биде рачно изработен во Франција, а за секој од нив ќе бидат потребни 500 часа работа. За изработката ќе се користи техника за поставување за да се обликува „рбетот“ од карбон-кевлар. За да го задржи возачот заштитен од силните ветрови при високи брзини, предниот дел е конструиран на тој начин што ќе го канализира воздухот околу возачкото седиште.
Секако, Supermarine MM01 ќе се одликува со низа луксузни акценти кои се очекувани со оглед на неговата астрономска кожа, а тука предничат багажникот обложен во кожа и држачот за шампањ под седиштето.
„Supermarine MM01 за скутерите на вода е она што хиперавтомобилите претставуваат за обичните автомобили. Ние сме дел од радикално поинаков сегмент, без обид да се натпреваруваме со постоечкиот пазар, без оглед на тоа дали станува збор за снабдувањето или количината на производство“, изјави Жерман Буве.
Supermarine MM01 се очекува да пристигне на пазарот во 2024, а првите тестови ќе започнат оваа пролет.