Ѕвездата на Superman, Henry Cavill, повторно соработува со Boss во новата пролет/лето 2019 кампања наречена #SharpenYourFocus. Британскиот актер се приклучи во лигата на амбасадори на познатиот германски бренд.

Оваа кампања во соработка со фотографот Paul Wetherell ги претставија очилата со потписот на Boss најдобро што можеа. Колекцијата на очила комбинира иновативна технологија со уникатен стил и лесни гумени рамки.

Фокусот ја одредува Вашата реалност. Со многу достигнувања зад себе, актерот ќе каже дека фокусот е клучен дел од успехот на еден човек.

Во интервјуто за соработката со Boss, актерот вели: „Колку е потешка работата која е Ваша цел, толку е поголемо задоволството на крајот. Постои одредено богатсво позади успехот кој е остварен и постигнат.”