Porsche 935 е еден од најпознатите тркачки автомобили на германската компанија, а производителот на електрични велосипеди, Super73 го искористи овој модел како инспирација за својата најнова креација.

Овој уникатен и единечен модел базиран на Super73-S2 се одликува со финиш инспириран од еден од Porsche 935 моделите кои се натпреваруваа за Kremer Racing и победи на славната 24 Часа Ле Ман трка во 1979 година. „Униформата“ на овој тркачки автомобил е пренесена и кај овој е-велосипед, а тиркизната рамка инстантно привлекува внимание. Малата батерија исто така е финиширана во комбинација на црна, тиркизна, црвена, виолетова и портокалова боја. Долниот дел од рамката е офарбан во портокалова боја со виолетови и црвени акценти.

Super73 го опреми велосипедот со виолетови рачки, црвени педали и златен ланец, а дури со себе поседува и противпожарен апарат.

Производителот на електрични велосипеди од Калифорнија, исто така извлече инспирација и од класичните тркачки седишта кога го дизајнираше седиштето за велосипедот, кое е обложено со Алкантара. Велосипедот исто така добива и златни тркала обложени со Apache Fattyslick гуми.

Super73

Со оглед на тоа дека овој специјален модел е базиран на Super73-S2, тој е опремен со 960-ватна батерија и електромотор кој може да овозможи брзина и до 25 километри на час. Исто така поседува и вилушка со воздушни опруги со подесиво ниво на амортизација. За жал за сите оние кои се заинтересирани, овој единечен модел не е достапен на продажба. Стандардниот Super73-S2, пак, се продава по цена од 2.695 долари.