Super73, калифорнискиот лајфстајл бренд кој произведува електрични велосипеди, креираше единечен и специјален модел во чест на историјата на Ducati. Почнувајќи со шемата на бојата која влече инспирација од тркачките напори на италијанскиот производител намотоцикли, таа комбинира црвена рамка со златни детали, пред се на педалите и предната вилушка, која исто така е полирана и исчетката пред да биде анодизирана со цел да се добие легендарниот Kashima слој.

Со цел да се осигура дека електричниот велосипед ќе може ефективно да запира, Super73 го опреми својот модел со Magura MT5 сопирачки со четири клипа со 203-милиметарски диск напред, односно 180-милиметарски диск позади. Исто така добива Blain рачки и Tropper пневматици, додека тркалата добиваат реосмислена верзија на класичното Ducatti лого.

Иако брендот не го споменува експлицитно во своето соопштение, моделот наликува на Super73-ZX кој се напојува со 615Wh батерија и има опсег на движење од 56 километри.

„Дизајниран за да му оддадеме почит на името кое постави стандарди во мотоциклистичките трки од 1926. Италијанските тркачи беа над сите, а Ducati Corse е движечката сила зад тоа. Како резултат на ова, Super73 креираше омаж на легендарните мотоцикли на Ducati кои ги поставија темелите за доброто на трките“, стои во соопштението.

Super73 е основан во 2016 година и работи на тој начин што го фузира наследството на мотоциклите и младата култура во своите производи.