Suntory сериозно го сфаќа недостатокот од Јапонско виски, па поради тоа превзема сериозен чекор со најавување на Hibiki вискито во оваа 2021 година. За прв пат досега, нивната мешавина од виски ќе старее во буриња од дрвото Sakura, што на вискито ќе му даде арома на цвеќиња од цреши. Ова виски кое ќе биде достапно во ограничено издание се одликува со брендирање во металик црвена боја „Blossom Harmony“ и цветни дезени низ целата амбалажа. Повеќе детали не се објавени па така за цената на ова виски и точниот датум на лансирање ќе треба да чекаме. Според предвидувањата се очекува до 25-ти Мај.